Трабзонспор ја зголемува платата за Алиоски – 1,2 милиони годишно плус бонуси!

797

Во обидот да дојде до услугите на Езџјан Алиоски, екипата на Трабзонспор ја зголеми својата понуда за плата која македонскиот интернационалец би требало да ја заработува во турскиот тим. Ова се информации кои ги пренесуваат турските медиуми.

Со оглед дека досега токму платата беше проблемот, сега Трабзон е подготвен да даде 1,2 милиони по сезона, плус 500 илјади евра бонус за потпис на договорот.

Оваа понуда би требало да го убеди популарниот Џани да се пресели во турскиот тим, иако и Лидс ќе сака да го задржи во своите редови. За него има интерес и од двата истанбулски гиганти Галатасарај и Фенербахче.

ПретходноВаран се подалеку од „Олд Трафорд“, Јунајтед ги потроши парите на Санчо
Следно15-годишната Миа Блажевска – Еминова предложена од МОК и ФИНА за учество на ЛОИ