Македонскиот младински репрезентативец Филип Антовски е нов играч на Австрија Виена. Гигантот го доведува Македонскиот интернациионалец кој изминатиот период беше дел од тимот на Динамо Загреб, но и на позајмица во тимот на Славија Софија.
Медиумите пренесоа дека Антовски одиграл пријателски мечеви за тимот на Австрија Виена, а сега клубот и официјално се пофали со него на социјалните мрежи.