Албанскиот интернационалец и репрезентативец, Елсеид Хисај е нов играч на тимот на Лацио.
Тој досега беше дел од екипата на Наполи, каде што настапуваше шест сезони, а претходно беше дел од Емполи. тој освен почетокот во Влазниа, целата своја кариера ја мина во Италија каде што е профилиран во еден од најстандардните десни бекови.
Тој доаѓа како слободен играч затоа што актуелниот договор со Наполи му истече пред два дена.
Освен Хисај, Лацио е посилен од денеска и за Адам Марушиќ, досегашниот играч на Остенде од Белгија.