Репрезентацијата на Швајцарија направи уште еден добар резултат овојпат во четвртфиналето со Шпанија, но ќе мора да игра продолженија и да се обиде да победи за да ја заокружи приказната. Во регуларниот дел во Санкт Петербург резултатот е 1:1, па се играат дополнителни 2х15 минути.
Во осмата минута по шутот на Алба, дефанзивецот Денис Закарија несреќно ја сврте топката во својот гол. Швајцарците изедначија во 68. минута кога по едно невнимание на дефанзивците, Фројлер украде топка и го проигра Шаќири, а овој ја спроведе топката во голот.
Во 77 минута Швајцарците останаа со играч помалку затоа што Фројлер доби директен црвен картон.
Ќе видиме како ќе се носат Швајцарците со играч помалку во продолженијата.
Да потсетиме дека тие веќе направија сензација со елиминацијата на светскиот првак Франција по подобро изведување на пеналите, а Шпанија во продолженијата ја помина Хрватска со 5:3.