Ѓоковиќ по планот на Вимблдон – експресно го „суреди“ Кудла

210

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ со совлада Денис Кудла во третото коло на „Вимблдон“ и се пласира во четвртата рунда. Новак славеше со убедливи 3:0 (6:4, 6:3 и 7:6) по сетови.

Во наредната фаза српскиот ас ќе игра против чилеанскиот тенисер Кристијан Гарино кој е на 20 место на АТП листата. Со него има еден дуел и тоа минатата година во АТП купот и го победи.

Во следната рунда влегоа Рублев по победата над Фоњини со 3:1, Качанов (подобар од Тафо), Фушкович (по триумфот над Шварцман со 3:1), Баутиста.

Кај дамите денеска триумфираа Плишкова (над Мартинцова), Свјонтек (над Бегу), Сабаленка (против Осорио Серано), Самсонова (против Стивенс), Рибакина (против Роџерс), Жабер (против Мугуруза), Голубиќ (против Бренгле).

ПретходноДесетти автогол на европското првенство, Шпанија води против Швајцарија (видео)
СледноМарсеј за два дена реализира четири трансфери