Интернационалецот од Алжир, Валид Хамиди е следното странско засилување за тимот на Шкупи.
Тој пристигнува до домашниот шампионат на оваа земја, односно од тимот на Скикда, а игра на позицијата лев крилен напаѓач. Хамиди би требало, ако се биде во ред со документацијата да пристигне на стартот од следната недела.
Покрај него, Спортмедиа дознава дека управата на Шкупи го договори и крилото од Сенегал, Махмаду Бари Соуахиб, кој истот така доаѓа од домашниот шампионат но на неговата земја. И тој како и Хамиди би требало да биде во Скопје, на стартот од следната недела.
Веќе претходно објавивме дека нов играч на Шкупи е досегашниот член на Вардар, младинскиот репрезентативец на Македонија, Александар Ѓурковски.