Манчестер Јунајтед почна сериозно да размислува за купување на францускиот дефанзивец Варан од екипата на Реал (М). Како што пренесуваат дел од медиумите на Островот, „црвените ѓаволи“ ќе предложат понуда од не повеќе од 45 милиони евра за Французинот, откако ќе биде финализирана трансакцијата на Санчо од Борусија (Д).
Реал Мадрид сака да добие околу 70 милиони евра за Французинот и дефинитивно нема да го продаде за 45 милиони евра и бонуси. Претставниците на Варан му соопштиле на Манчестер Јунајтед дека играчот е подготвен да се приклучи на клубот. Манчестер Јунајтед сега е подготвен да го вклучи во договорот и играчот за врска Пол Погба за да може да се финализира трансферот на дефанзивецот.