Два премиерлигаши по потписот на Санчез

561

Два тима од Премиерлигата се интересираат за португалскиот интернационалец Ренато Санчез. Со добрите игри на ЕУРО 2020, го сврте вниманието кон себе играчот од средниот ред кој во минатото играше во Баерн Минхен.

Ливерпул и Арсенал се главни фавории за потписот на Санчез и да направат негово враќање во Премиерлигата (во минатото беше дел од Свонси).

Ливерпул во него гледа идеална замена за Ванјалдум кој замина во ПСЖ, додека Арсенал долго време бара играч од средниот ред.

Тимот од Енфилд е засега фаворит со оглед дека Јирген Клоп е миленик на неговата игра уште во времето кога беше дел од Баерн Минхен. Во моментов Санчез игра за Лил.

ПретходноСтротман се врати во Италија, но сега ќе игра за Каљари
СледноОдегард не се враќа во Арсенал, Реал ќе го задржи