Еуро 2020: Денеска има само еден голем фаворит за полуфинале – Англија

308

Денеска во Баку (18 ч.) ќе се одигра претпоследното четвртфинале на Еуро 2020, во кое Чешка и Данска ќе ги одмерат силите на патот кон завршните мечеви на шампионатот. На Олимпискиот стадион во главниот град на Азербејџан, ќе се соочат две екипи, за кои малкумина сметаа дека можат да стигнат до тука.

Чесите прикажаа одличен фудбал, а извонредната гол-форма на Патрик Шик како да ги влече се до ова четврфинале. Елиминирајќи ја Холандија, Чешка сега пред себе има уште една пречка до место во борба за медалите.

Данците започнаа лошо, по поразот во скандинавското дерби со Финска (0:1), но ниту овој резултат ниту инцидентот со Кристијан Ериксен не ги повлече во бездната. Напротив, по овој меч Данска се врати уште посилна и на патот до ова четврфинале делуваше навистина моќно.

Историски гледано, Чешка има сериозна предност пред Данска. Од 25 меча меѓу овие два тима, Чесите загубија само два. Интересно е што дури пет од последните 6 нивни меѓусебни натпревари завршија нерешено.

Украина и Англија (21 ч.) ќе го дадат последниот полуфиналист на Еуро 2020. Вечерва на „Олимпико“ во Рим за Англичаните ова ќе биде прв натпревар од почетокот на турнирот, кој нема да го играат на „Вембли“. Тимот на Герет Саутгејт е на чекор до второто по ред полуфинале на голем шампионат, но Украинците предводени од Андриј Шевченко се подготвени да ги помешаат сметките на еден од фаворитите за титулата.

Англија се уште нема примено гол. Во меѓусебната статистика, Украина и Англија одиграле вкупно 7 меча. Билансот е 4 победи за Англија, 2 нерешени средби и само еден триумф на Украинците.

Вечерва Украина ќе остане без напаѓачот Артем Беседин, кој беше повреден во осминафиналето и може да отсуствува до крајот на годината. Александар Зубков се опорави, но ќе остане меѓу резервите, а Андриј Јармоленко и Роман Јаремчук повторно ќе започнат во нападот.

Мејсон Маунт и Бен Чилвел го завршија периодот на самоизолација и се очекува играчот за врска на Челзи да биде стартер покрај Хари Кејн и Рахим Стирлинг.

ПретходноВидал: Потребни се судии со ма**ња, а не кловнови
СледноУште две нови засилувања за Борец