Зошто Меси се уште не потпишува нов договор? Лапорта добил листа со услови

512

Барселона се натпреварува со времето и сака што побрзо да потпише договор со својата sвезда Лионел Меси. Аргентинецот во моментов е слободен агент откако неговиот договор истече на крајот на минатиот месец.

Главниот проблем за Каталонците да го финализираат договорот е финансискиот фер-плеј, иако има уште неколку помали пречки што треба да се надминат. Барселона мора да ги намали трошоците за плата, без оглед на тоа што платата на суперaѕвездата ќе биде многу помала од порано.

Даноци

На прво место, Меси сака строго да се дефинира сè што се однесува на даноците што треба да ги плати во шпанската каса. Во моментов се воведуваат некои измени во даночниот систем на земјата кои можат да влијаат на одлуката на Меси.

Плата

Параметрите на договорот се исто така прашање што се појави со почетокот на преговорите. Не е тајна дека Барса не е во добра финансиска состојба и во тек се разговори со некои играчи за намалување на нивните плати. Врз основа на овие разговори, управата на клубот мора да одлучи колку ќе може да му плати на Меси.

Гаранции

Аргентинецот сака гаранции дека ќе ја добие целата плата според новиот договор, без оглед на развојот на пандемијата. Тој не сака да ја намали својата месечна плата дури и ако новиот бран КОВИД-19 ја преплави Европа и стадионите се затворат.

Долгови

Голема пречка во преговорите е и фактот дека Барса му должи пари на Меси според стариот договор. Советниците на напаѓачот бараат тие да бидат исплатени со додавање на новиот договор. Сепак, сумата што Барселона и ја должи на својата голема sвезда не е мала, напротив.

Конкурентност

Голема желба на Меси е Барселона повторно да биде конкурентна и да се бори за Лигата на шампионите. Доведувањето на Серхио Агуеро, Ерик Гарсија и Мемфис Депај е дефинитивно добра вест. Сепак, ништо не е сигурно додека Меси не го потпише новиот договор со Барса.

ПретходноБиелса од Барселона носи замена за Алиоски
СледноРЕКОРДЕР: Со 51 година по осмипат ќе настапи на Олимпијада