Кога брани Донарума, Италија може да прими најмногу еден гол

205

Вчера репрезентацијата на Италија ја победи Белгија со 2:1 во четвртфиналето на Еуро 2020 и успеа да се пласира во полуфиналето. Една од најистакнатите фигури и на вчерашниот меч беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој со неколку неверојатни интервенции успеа да ја спречи Белгија да дојде до израмнување.

Интересен факт е тоа што кога Донарума бил на голот на Италија, „аѕурите“ никогаш не примиле повеќе од еден гол на натпревар. Донарума дебитираше за репрезентацијата во август 2016 година на пријателски натпревар против Франција.

ПретходноХамилтон потпиша нов двегодишен договор со Мерцедес
СледноХеројот Марко во нов подвиг: Плива од пристаниште до Св. Наум