Норвешкиот интернационалец Мартин Одегард нема да се враќа во Арсенал, откако му истече позајмицата во овој клуб. Тој е врзан со договор со Реал Мадрид, а „кралевите имаат намера да го задржат.
Одегарт зимоска стигна во таборот на Арсенал како позајмен, а одигра 20 натпревари за „топџиите“ и постигна два гола, и две асистенции.
Одегард веројатно ќе биде конкуренција во средниот ред, откако Иско најави дека ќе замине по недобивањето шанса во последните две сезони.