Репрезентацијата на Данска е на чекор до пласман во полуфиналето откако по првите 45 минути од денешниот меч со Чешка водат со 2:0. Поведоа Данците со голот на Дилејни во 5. минута, а зголеми Каспер Долберг во 42. минута.
Овој меч се игра на Олимпискиот стадион во Баку. Оваа предност е висока, но момците на Хјулманд мора да го држат ритамот затоа што се покажа на овој турнир дека секоја репрезентација може да го смени правецот и да изедначи и покрај високата негатива.
Да кажеме дека со овие два гола, Данска има 11 погодоци на ова ЕП со што постави нов национален рекорд по голови на евро-шампионатите. Претходниот рекорд им беше 9 голови на ЕУРО 1984.