РЕКОРДЕР: Со 51 година по осмипат ќе настапи на Олимпијада

139

Легендата во брзо одење, Хесус Анхел Гарсија од Шпанија, е меѓу 56 спортисти кои ќеја преставуваат својата земја на Олимписките игри во Токио оваа лето. 51-годишниот Гарсија, кој ја освои светската титула на 50 км брзо одење во 1993 година, ќе се натпреварува на својата осма Олимпијада. Ова е рекорд за еден спортист.

Тој дебитираше на Олимписките игри во Барселона во 1992 година, завршувајќи како десетти. Оттогаш не пропушти ниту едни Олимписки игри. Неговиот најдобар пласман на олимписките фестивали беше во Пекинг во 2008 година, кога заврши како четврти. На последната Олимпијада во Рио де Жанеиро беше 20-ти. Гарсија учествуваше и на Светскиот шампионат во Доха во 2019 година, кога заврши како осми.

ПретходноЗошто Меси се уште не потпишува нов договор? Лапорта добил листа со услови
СледноКошаркарите до 20 и 18 години почнуваат со „контроли“