Стротман се врати во Италија, но сега ќе игра за Каљари

163

Холандскиот интернационалец Кевин Стротман повторно ќе игра во Серија А, а овојпат неговиот клуб е Каљари. Фудбалерот за врска ја почна кариерата во Спарта Ротердам, а играше уште и за Утрехт и ПСВ, па во Рома пристигна во 2013 година како голема надеж на холандскиот фудбал.

Една година подоцна претрпе тешка повреда на коленото поради која долго време беше надвор од терените, го пропушти и СП 2014. Кога се врати не беше истиот. Остана во Рома се до летото 2018 година кога Марсеј го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.

Имаше солиден ефект по првите две сезони, а 2020/21 ја почна на „Велодром“, а ја доигра во Џенова. Сега се враќа во Серија А, но во Каљари.

Каљари минатата сезона ја заврши на 16-тата позиција.

Претходно„Данскиот динамит“ ја мина и Чешка и по 29 години е во полуфиналето (видео)
СледноДва премиерлигаши по потписот на Санчез