Македонскиот репрезентативец Енур Тотре станува интернационалец. Спортмедиа дознава дека досегашниот член на Шкендија, е нов играч на Грчкиот Аполон Смирнис, кој изминатата сезона во шампионатот на нашиот јужен сосед заврши на солидната деветта позиција.
Тотре имаше проблеми околу статусот во неговиот досегашен, а воедно и матичен клуб Шкендија, па не играше во изминатиот период, но тоа летово завршува и тој бира нова средина.
Ја одбра Грција, каде што ќе има можност уште повеќе да напредува и да се развива. Тој беше последно дел од репрезентацијата на Македонија на гостувањето кај Ерменија, меч кој го одигравме на Кипар.