Уште две нови засилувања за Борец

1571

Велешки Борец има нови засилувања. Како што потврдија од клубот денеска, нови членови на Борец се Милош Рниќ и Данило Радјен.

28-годишниот Рниќ е голман и треба да биде големо засилување меѓу стативите. Искусниот голман бранел во повеќе клубови во Србија, а во Велес се сели од редовите на Нови Пазар.

Радјен, пак, треба да биде освежување во дефанзивата. 27-годишниот Србин со американски пасош, по неколкугодишните настапи во САД, пред две сезони се пресели во Србија, од каде преку Телеоптик и Бачка сега се сели во Борец.

Нов тренер на голманите во следната сезона ќе биде Бојан Димковски, кој доаѓа од редовите на ФК Вардар.

ПретходноЕуро 2020: Денеска има само еден голем фаворит за полуфинале – Англија
СледноБиелса од Барселона носи замена за Алиоски