Херојот Марко во нов подвиг: Плива од пристаниште до Св. Наум

268

Охридскиот херој, Марко Пејчиноски, утрово започна нов индивидуален подвиг. Тој влезе во водите на Охридското езеро на празникот Св. Наум, за да ја преплива делницата од градското пристаниште во Охрид до манастирот на другиот крај од источното крајбрежје.

Марко плива во чест на Исцелителот и Чудотворецот Светиот Наум Охридски, за здравје на сите, велат од неговиот тим.

Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум – Охрид, подвиг кој го реализираше пред 3 години, кога имаше само 12 години.

ПретходноКога брани Донарума, Италија може да прими најмногу еден гол
СледноВидал: Потребни се судии со ма**ња, а не кловнови