Хрватите се простија од Олимписките игри, Словенија ќе игра финале, Србија ќе мора преку Италија

809

ФОТО: ФИБА

Иако беа домаќини на квалификациите за Олимписките игри во Токио, репрезентацијата на Хрватска не успеа да избори место на планетарната смотра. Хрватите изгубија од Германија со 76:86 и на тој начин се простија од шансите да играат на Олимпијадата.

„Коцкастите“ имаа катастрофален настап, прво изгуби од Бразил, а потоа имаше многу проблеми но славеше со Тунис. Во полуфиналето не успеаа да се кренат.

Ниту расположениот Бојан Богдановиќ (38 поени) не успеа да ги врати Хрватите во живот. Кај Германците најдобар беше Маодо Ло од Алба кој го заврши мечот со 29 поени.

Германија во финалето (утре) ќе игра против Бразил кој го совлада Мексико со 102:74.

Во квалификацискиот турнир во Литванија, Словенија славеше над Венецуела со 98:70 и се пласира во финале, а големи се шансите за место на ОИ да игра со домаќинот Литванија која вечер го игра мечот со Полска.

Србија се пласира во финалето на квалификацискиот турнир и ќе игра против Италија која денеска беше подобра од Домениканската република.

ПретходноДанска поведе со Чешка и постави нов рекорд на ЕП! (видео)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Данците водат со 2:0 и се на чекор до полуфиналето на ЕП! (видео)