Хамилтон потпиша нов двегодишен договор со Мерцедес

85

Иако по завршувањето на минатата сезона тактизираше и по долго размислување дури овој февруари реши да остане во Мерцедес и оваа сезона, Луис Хамилтон сега сосема неочекувано потпиша нов, двегодишен договор со Мерцедес. Според договорот, тој ќе остане во својот сегашен тим најмалку до 2023 година.

Ова значи дека седумкратниот светски шампион ќе се натпреварува во Ф1 караванот барем додека не наполни 38 години.

„Тешко е да се поверува дека работам со овој неверојатен тим скоро девет години, возбуден сум што ќе го продолжиме партнерството уште две години“, рече Хамилтон и додаде:

„Веќе постигнавме многу заедно, но имаме уште многу да постигнеме, на патеката и надвор од неа. Горд сум и благодарен за тоа како ме поддржа Мерцедес во мојата желба да ги подобрам различностите и еднаквоста во нашиот спорт“.

ПретходноНово име во редовите на Металург
СледноКога брани Донарума, Италија може да прими најмногу еден гол