Агентот на Лаутаро: Допрва ќе разговараме дали ќе останеме или не во Интер

108

Агентот на Лаутаро Мартинез, Алехандро Камањо, не ја исклучи можноста напаѓачот да го напушти Интер ова лето, велејќи дека двете страни ќе имаат состанок меѓу нив на кој ќе разговараат за иднината на Аргентинецот.

„Знаеме дека Лаутаро е многу важен за Интер, но ќе разговараме со клубот за да видиме дали ќе остане или не.Нема да форсираме, бидејќи имаме договор за уште две години. После оваа необична ситуација со финансиите на Интер, повторно ќе разговараме за иднината на играчот. Преодниот рок е сè уште прилично долг и сите големи тимови во Европа ќе бидат активни. Лаутаро е дел од новата генерација на напаѓачи, кои ќе ја заменат старата генерација “, изјави Камањо, кој е и агент на Ашраф Хакими . Како што е познато, Мароканецот е пред трансфер во ПСЖ.

ПретходноПрекрасен момент за сите, Кристијан Ериксен се појави во јавноста
СледноМедин Бајрами ја засили Ренова