Брегалница успешно тргна низ летните подготовки за новата сезона. На првиот пријателски меч кој се одигра во Пехчево триумфираше со 2:0 против Борец од Велес.
Избраниците на Марјан Секуловски сосема заслужено дојдоа до победата која беше обезбедена со двата погодоци во второто полувреме.
Најпрво во 55. минута Андреј Кудијан погоди за водство од 1:0, а во 82. минута уште на првиот настап во синиот дрес гол постигна Хрватот Антонио Азиновиќ, кој пред неколку недели пристигна во редовите на Брегалница.
Брегалница ќе остане во Пехчево до 10. јули, а потоа одат во српскиот туристички центар Златибор каде ќе биде реализирана финалната фаза од подготовките.
ФОТО: ФК Брегалница