„Данскиот динамит“ ја мина и Чешка и по 29 години е во полуфиналето (видео)

184

Репрезентацијата на Данска се пласира во полуфиналето на ЕУРО 2020 откако денеска успеа да ја совлада Чешка со 2:1 на Олимпискиот стадион во Баку. Дилејни и Долберг погодија за Данска во првото полувреме, а на почетокот на второто полувреме Патрик Шик го намали резултатот. Чесите притиснаа во вториот дел меѓутоа не стигнаа до изедначување иако имаа солидни шанси за тоа. Нивниот пат завршува тука, а „Данскиот динамит“, европски шампион од 1992 година, продолжува во полуфиналето.

Ова е четврти пат во историјата Данска да игра полуфинале, а првпат по 1992 година кога беа шампиони. Претходно играа полуфинале на ЕУРО 1982 и ЕУРО 1964.

ГОЛОТ НА ДИЛЕЈНИ ОВДЕ

ПОЛУВРЕМЕ: Данците водат со 2:0 и се на чекор до полуфиналето на ЕП! (видео)

Претходно„Лавовите“ го победија Работнички 3:1 во пријателски меч
СледноСтротман се врати во Италија, но сега ќе игра за Каљари