Кошаркарите до 20 и 18 години почнуваат со „контроли“

240

Утре младите кошаркари на селекциијата до 20 години ќе ја „одработат“ и првата контрола за време на подготовките пред настапот на ФИБА Челинџер турнирот во Скопје.

Од 20 часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, избраниците на селекторот Тони Симиќ, влегуваат во втората подготвителна фаза која вклучува и одигрување на контролни натпревари. Присуството во Скопје на уште две селекции, како онаа на Украина, и на Бугарија, и една комбинирана универзитетска екипа од САД, ќе го искористи и стручниот штаб на нашата селекција до 18 години, да бидат дел од турнирот кој ќе се одвива во периодот од 4. до 9. јули.

Според планираните активности, нашиот младински состав освен неделниот, на 7 јули (среда) уште ќе одигра меч против американскиот универзитетски тим. Ден порано, на 6 јули, ги очекува средбата со Украина, а ден подоцна, на 8 јули следува и дуелот против нашите источни соседи.

Програмата вели дека јуниорската селекција која ја преводи селекторот Никола Василев, има закажано натпревари со комбинираната екипа од САД 5 јули, како и против селекцијата на Украина, во натреварот кој е предвиден за 9 јули, од 18 часот.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

4.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

20.00: Македонија У20 – АиА (комбиниран тим)

5.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)

20.00: Македонија У18 – АиА (комбиниран тим)

6.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

20.00: Македонија У20 – Украина У20

7.ЈУЛИ (СРЕДА)

18.00: АиА (комбиниран тим) – Македонија У20

20.30: Украина У20 – Бугарија У20

8.ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)

18.00: Македонија У20 – Бугарија У20

20.30: АиА (комбиниран тим) – Украина У20

9.ЈУЛИ (ПЕТОК)

18.00: Украина У20 – Македонија У18

20.30: Бугарија У20 – АиА (комбиниран тим)

ПретходноРЕКОРДЕР: Со 51 година по осмипат ќе настапи на Олимпијада
СледноТотре заминува за Грција и потпишува за Аполон Смирнис