„Лавовите“ го победија Работнички 3:1 во пријателски меч

516

Екипата на Македонија Ѓорче Петров со 3:1 го совлада Работнички во пријателскиот натпревар што се одигра на стадионот во Ѓорче Петров.
Првиот гол за домаќинот го постигна Балша Бановиќ во 22.минута, Драган Стојков си постигна автогол во 67.минута, а погодокот на Работнички беше дело на Бујар Хајдари во 78.минута. Конечниот резултат го постави Камара во 89.минута.
Следниот пријателски натпревар на Работнички е в среда против Тиквеш во Кавадарци.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Андре Силва е нов играч на РБ Лајпциг
Следно„Данскиот динамит“ ја мина и Чешка и по 29 години е во полуфиналето (видео)