Манчестер Јунајтед подготвен да го трампа Погба за Варан

255

Манчестер Јунајтед почна сериозно да размислува за купување на францускиот дефанзивец Варан од екипата на Реал (М). Како што пренесуваат дел од медиумите на Островот, „црвените ѓаволи“ ќе предложат понуда од не повеќе од 45 милиони евра за Французинот, откако ќе биде финализирана трансакцијата на Санчо од Борусија (Д).

Реал Мадрид сака да добие околу 70 милиони евра за Французинот и дефинитивно нема да го продаде за 45 милиони евра и бонуси. Претставниците на Варан му соопштиле на Манчестер Јунајтед дека играчот е подготвен да се приклучи на клубот. Манчестер Јунајтед сега е подготвен да го вклучи во договорот и играчот за врска Пол Погба за да може да се финализира трансферот на дефанзивецот.

ПретходноЕвро деби за Стојчевски во Ерменија
СледноАлександар Ѓурковски нов играч на Шкупи