Кристијан Николов го напушти МЗТ Скопје по две години минати во дресот на актуелниот првак.
Македонскиот репрезентативец следната сезона ќе игра за Еуро Никел, тим кој минатата сезона во финалето играше токму против МЗТ Скопје. Кавадарчани имаат високи амбици, а со Николов ќе добијат свежина на плејмејкерската позиција.
Еуро Никел ќе биде втор македонски клуб во кариерата на Николов, кој претходно играше во Турција.