ОФИЦИЈАЛНО: Андре Силва е нов играч на РБ Лајпциг

211

Португалскиот репрезентативец Андре Силва е нов играч на РБ Лајпциг. Она што се зборуваше изминатите денови сега доби официјална потврда. Клубот од Лајпциг објави дека Андре Силва потпишал договор до јуни 2025 година.

Сумата што Лајпциг ќе му ја плати на Ајнтрахт Франкфурт како отштета изнесува 23 милиони евра.

23-годишниот фудбалер има 42 натпревари за Португалија и 16 голови, а играше и на ЕУРО 2020.

Инаку кариерата ја почна во Порто, прво во „Б“ па во „А“ тимот, а во 2017 година премина во Милан каде што не се снајде најдобро и „росонерите“ го позајмуваа, прво во Севиља, па потоа во Ајнтрахт. Токму германскиот клуб во 2020 година го откупи неговиот договор.

Силва минатата сезона реализираше 28 гола во 32 натпревари во Бундес лигата.

Досега Лајпциг ги реализираше трансферите на Јошко Гвардиол од Динамо Загреб, Мохамед Симакан од Стразбур, Брајан Броби од Ајакс, Бенјамин Хенрикс од Монако, Каден Кларк од РБ Њујорк, а исто така го откупија договорот на Анхелињо од Манчестер Сити.

ПретходноВИМБЛДОН: Федерер и Зверев во осминафинале, Кириос го предаде мечот
Следно„Лавовите“ го победија Работнички 3:1 во пријателски меч