Барса сака да раскине со Умтити, фудбалерот ќе го пријави клубот во ФИФА!

515

Ескалира односот помеѓу менаџментот на Барселона и дефанзивецот Самуел Умтити. Според „Диарио спорт“, францускиот интернационалец не сака да го напушти „Ноу Камп“ и покрај тоа што има информации дека клубот сака да го раскине договорот.

Актуелниот договор е валиден до летото 2023 година и според истиот Барса за фудбалерот кој не игра плаќа 16 милиони евра на годишно ниво. За Барса ова е голема сума за играч кој не игра, па затоа сака да го раскине. Според изданието Умтити има оружје за контраудар, со своите агенти ќе ги пријави каталонците до ФИФА.

Инаку Умтити во првата година во Барселона заработи 2 милиони евра, потоа потпишаа нов договор со плата од 8 милиони евра по сезона. Данокот го покрива клубот што значи дека сумата достигнува некаде 16 милиони евра.

Проблемите на релација Умтити-Барса почнаа по СП 2018. Клупските доктори му сугерираа на играчот да се оперира, но тој не ги послуша и отиде да игра за Франција на СП, а потоа ја лекуваше повредата со конзервативни методи.

Но тие не помогнаа многу затоа што Умтити не само што не ја поврати формата, туку често се повредува и е отсутен.

ПретходноШопоски трето ново име во ГФК Охрид
СледноГП НА АВСТРИЈА: Триумф на Верстапен, негова петта победа сезонава!