Бутел Скопје „пазареше“ во Металург РА

491

Еден од најдобрите стрелци во прволигашката конкуренција минатата сезона, Филип Фидановски, е нов ракометар на Бутел Скопје. Левото крило кое има 18 години настапуваше за тимот на Металург РА.

Покрај Фидановски, во Бутел Скопје доаѓа и Иван Андревски. Тој има 18 години, настапува на левата бековска позиција, а досега го носеше дресот на Металург РА. Двајцата играчи се обврзаа на двегодишна верност кон Бутел Скопје.

Претходно Бутел Скопје ги засили редовите со голманот Градимир Чаневски, средниот бек Саша Пулјизовиќ, како и десните бекови Денис Тот и Кристијан Давитковски. Соработката ја продолжија Јовица Младеновски, Мирко Мајиќ, Томче Стојановски, Бојан Блажески, Кристијан Василевски, Димитар Ѓоргиевски и Владимир Јевтиќ

ПретходноРоналдо сака да остане во Јуве, но ќе добие помала плата
СледноГолемина од човек е Шева – со прегратка го тешеше Пандев, а на ист начин им честиташе на Англичаните