Андреј Шевченко, човекот кој ја предводи Украина на ова европско првенство и како селектор станува своевидна легенда.
По победата над Македонија во групите на ЕП, Шевченко го прегрна Пандев и го тешеше.
Вчера по поразот на Украина, тој на ист начин им честиташе на Англичаните за триумфот.
„Каков фудбалер беше, а каков човек е“, напиша Грилиш на својот „Твитер“.
Исто така го прегрна и Маунт како и дел од другите англиски фудбалери.