ГП НА АВСТРИЈА: Триумф на Верстапен, негова петта победа сезонава!

177

Холандскиот возач Макс Верстапен е победник на Гран При на Австрија што се возеше денеска на „Ред Бул Ринг“. Возачот на Ред Бул кој стартуваше од првата позиција откако оствари најдобро време во квалификациите, го сочува лидерското место од почетокот до крајот на трката и на тој начин стигна до петтата победа сезонава во Формула 1 шампионатот, а трета по ред.

Второто место го освои Валтери Ботас на Мерцедес, а трет заврши Ландо Норис од Мекларен кој успеа да ги издржи налетите на светскиот шампион Луис Хамилтон од Мерцедес кој остана без место на подиумот (само четврти). Петтата позиција ја комплетира Серхио Перез од Ред Бул.

Верстапен претходно триумфираше на ГП Емилија Ромања, ГП Монако, ГП на Франција, ГП на Штаерска и сега на ГП на Австрија.

Лидерот Верстапен ја зголеми предноста во генералниот пласман во однос на Луис Хамилтон.

ПретходноБарса сака да раскине со Умтити, фудбалерот ќе го пријави клубот во ФИФА!
СледноАспиликуета знае каде е ранлива Италија: „Само да го запреме тој играч…“