Ивица Димчевски е нов кошаркар на Еуро Никел. Екс-репрезентативецот по четири сезони поминати во дресот на Гостивар се сели во Кавадарци.
Димчевски и Еуро Никел се договориле за едногодишна соработка.
Минатата сезона, Димчевски одигра 22 натпревара со просек од 10,3 поени по меч.