Српскиот интернационлец Марко Дмитровиќ е нов голман на тимот на Севиља.
По одличните настапи на чуварот на мрежата за неговиот досегашен тим Еибар, пристигна летово понудата од тимот на Севиља, и истата тој нормално ја прифати.
Со новиот клуб, Дмитровиќ ќе игра во Лигата на Шампионите, а тој секако е и стандарден голман на репрезентацијата на Србија.