И додека многу ѕвезди од регионот кој играат во НБА-лигата одлучија да не играат за своите репрезентации ова лето, Лука Дончиќ без размислување прифати да го носи дресот на Словенија.
И додека многу ѕвезди од регионот кој играат во НБА-лигата одлучија да не играат за своите репрезентации ова лето, Лука Дончиќ без размислување прифати да го носи дресот на Словенија.
Негова цел е да ја однесе својата земја на ЛОИ во Токио. На патот кон оваа цел стои Литванија, финалето се игра денеска (18:30 часот).
Дончиќ доби интересно прашање пред оваа предба. Што сака повеќе да освои олимписко злато или прстенот во НБА-лига.
„Би рекол злато со Словенија. Играте за својата земја и тоа е нешто посебно, но не би имал ништо против да ги освојам и двете“, одговор Дончиќ.
За Словенците ова може да биде трета среќа, откако останаа кратки во квалификациите за ОИ во 1992 година во Барселона и 2004 година во Атина. Од друга страна Литванија редовно игра на ОИ, има три бронзени медали.