Поранешниот репрезентативен голман и спортист со големо интернационално искуство, Златко Даслаковски е нов член на Голден Арт КЛ7. Тој ќе биде нов помошник на тренерот Матлиески, како тренер на голманите во клубот.
Голманот на националниот тим, кој беше дел од нашите најдобри ракометари на две големи натпреварувања и човек со над десет годишно интернационално искуство во Франција и Романија, како и седумгодишен стаж на голот на скопски Вардар, ќе биде од голема важност за развој за клубот.
Негова примарна задача ќе биде да работи со голманите на сите селекции на Голден Арт КЛ7, почнувајќи од првиот тим, па се до најмладите. Паралелно ќе му помага на главниот тренер.