Италија ја шокираше Србија во Белград и обезбеди место на ЛОИ во Токио

608

Кошаркарската репрезентација на Србија нема да го брани сребрениот медал на Олимписките игри во Токио. Вечерва во финалето на олимпискиот квалификациски турнир во Белград, Србија загуби од Италија со 102:95 во меч во кој комплетно потврфли во првите три четвртини од средбата.

Италија ги шокираше „орлите“ во Белград и ги остави без веќе испланираното место на најголемиот спортски настан. Домашните имаа многу проблеми уште од првата минута, пред се во одбраната, додека на другата страна „аѕурите“ безмилосно го полнеа кошот на Србија од сите позиции.

Италијанците ја одржуваа предноста, а во два наврати имаа максимални плус 8, а на пауза замина со максимални +12 – 57:45.

Ништо не се промени ниту во третиот период, кога Италија константно одржуваше предност, која на моменти отиде и на +20. Србија се врати во последната четвртина, но веќе беше предоцна. Анѓушиќ со 27 поени беше најефикасен кај Србија, додека кај Италија Манион заврши со 24, а Полонара постигна 22 поени.

ПретходноДимчевски од Гостивар се пресели во Еуро Никел
СледноТотенхем се загреа за Харис Сеферовиќ