Кошарка, квалификации за ОИ: Грција ја победи Турција, Чешка ја изненади Канада

301

Ноќеска во квалификациите за ЛОИ во Токио годинава, се одигра балканското дерби меѓу Грција и Турција во кое Грците славеа триумф со 81:63, и се пласираа во финалето.

Грција благодарение на големиот пресврт во вториот дел, славеа победа, иако првата четвртина ја загубија со неверојатни 22:8! Ја добија втората четвртија, но не беше доволно да се сврти мечот. Меѓутоа нашиот јужен сосед со фантастична партија во вториот дел (13:24 и 16:30), го доведоа натпреварот во своја корист.

А, во финалето Грција ќе игра против Чешка, која синоќа ја изненади Канада. Чесите со шут во последната секунда во продолженијата преку Саторански обезбедија голема победа за финален меч.

Останатите финални двојки се: Бразил – Германија, Словенија – Литванија и Италија – Србија.

ПретходноСрпски спортист полетал кон Токио негативен, слетал – позитивен!?
СледноДанците се надеваат на финале: „Играме за Ериксен“