Тимот на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на левиот бек Лук Шо и планира да го задржи во своите редови уште долго време.
25-годишниот дефанзивец стана една од клучните фигури во составот на Оле Гунар Солкјер, а неговите добри игри се пресликаа и во дресот на репрезентацијата на Англија.
Освен што Англија нема примено гол на 5 натпревари на Еуро 2020, Шо додаде и три асистенции што е фантастичен скор.
Актуелниот договор на Шо со Јунајтед истекува во 2023 година и клубот има опција истиот да го продолжи на уште година. Од друга страна пак Јунајтед е на сред преговори со тимот на Милан за услугите на Диого Далот.