Марио Крстовски заминува во Зрински

762

Досегашниот напаѓач на тимот на Академија Пандев, и младински репрезентативец на Македонија, Марио Крстовски својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Зрински од БИХ.

Тој заминува од А.Пандев како слободен фудбалер и можеше да бира каде да ја продолжи кариерата. Имаше опции за Србија односно Романија, но се реши да го одбере Зрински.

Ова за Крстовски ќе биде прво интернационално искуство, а претходно настапуваше и за екипите на Хоризонт Турново односно Работнички.

 

ПретходноАспиликуета знае каде е ранлива Италија: „Само да го запреме тој играч…“
СледноТринкао премина во Вулверхемптон