Меси ја однесе Аргентина во полуфинале на Копа Америка, Колумбија на пенали го исфрли Уругвај (ВИДЕО)

515

Аргентинските фудбалери се пласираа во полуфиналето на Копа Америка откако рутински ја совладаа селекцијата на Еквадор со 3:0. Доминираше Лионел Меси кој учествуваше во сите три гола (две асистенции и еден гол). Аргентина во полуфиналето ќе игра со Колумбија, која го исфрли Уругвај после пеналите.

Меси го почна натпреварот со промашување кога ја погоди стативата, а во 40 минута асистираше до Де Паул за водство на Аргентинците.

На вториот гол се чекаше до финишот кога Ди Марија одлично реагираше, а Меси додаде до Мартинез кој ја заби топката под пречка.

И потоа најдоброто за крај. Меси од слободен удар ја смести топката во горниот десен агол за конечен триумф од 3:0.

Во регуларниот дел на мечот Уругвај – Колумбија немаше голови, па ниту низ продолженијата, па така се изведуваа пенали.

Таму со 4:2 триумфираше Колумбија. Погодија Запата, Санчез, Мина и Борха, додека кај Уругвај погодија Кавани и Суарез, а промашија Хименез и Вина.

Во другото полуфинале се среќаваат Бразил – Перу.

ПретходноМилвоки во големото финале на НБА (ВИДЕО)
СледноРоналдо и Шик со ист број голови – ако остане вака, кој ќе биде најдобар стрелец?