Спортскиот директор на Ајакс, Марк Овермас се обиде да стави крај на приказнатта која го води Душан Тадиќ на Сан Сиро односно во дресот на Милан.
Тој смета дека Србинот е премногу вреден за Ајакс за да го пуштат да си оди.
„Нема шанси тој да замине некаде. Од тој трансфер нема ништо. Тадиќ е цементот што ги поврзува нашите цигли. Затоа се е и кристално јасно. Душан Тадиќ не е на продажба“ – изјави Овермарс.
Интересно е што Тадиќ веќе ги договорил личните услови со Милан, но тоа очигледно според Овермарс му е џабе.