Кристијано Роналдо одлучи да остане во Јувентус, тврди „Газета дело Спорт“.
Кристијано Роналдо одлучи да остане во Јувентус, тврди „Газета дело Спорт“.
Иако се чинеше дека португалскиот фудбалер ќе ја напушти „Старата дама“ ова лето, сепак работите се промениле. Тој одлучил да остане и да го предводи тимот, кој со Масимилијано Алегри ќе има високи амбиции во новата сезона. Целта е да се врати титулата, и секако да се освои Лигата на шампиони.
Роналдо не само што одлучил да го испочитува моменталниот договор со Јувентус, кој завршува во 2022 година, тој ќе потпише нов за многу помала плата.
Тој во моментов заработува 31 милиони евра по сезона, сума која за клубот е преголема во услови на криза поради пандемијата коронавирус.
Искусниот напаѓаќ по елиминацијата на Португалија одлучи да замине на одмор, добро да размисли и да ја соопшти конечната одлука. Сфатил дека Торино за него е најдобра опција, иако постои голем интерес од Манчестер и Париз.