После вчерашната победа од 4:0 на Англија, што беше најубедливата победа во завршница на досегашните Европски шампионати за „Гордиот Албион“, ја лансираше селекцијата на Герет Саутгејт меѓу најдобрите четири селекции. А, таму, ја чека репрезентацијата на Данска.
Своите импресии ги искажа Герет Саутгејт, англискиот селектор.
„Бевме фантастични, не само играчите кои започнаа, туку и подоцна кои влегоа во игра. Исто така размислувам и за играчите кои не излегоа на терен, и тие имаат голем придонес во она што го правиме. А повторно, момците беа одлични. Поради духот кој го има оваа селекција сме во полуфинале“, рече англискиот селектор.
Украинскиот предводник Андреј Шевченко кажа дека не е премногу разочаран од овој пораз.
„Англија е силна екипа имаат одличен селектор и стигнаа до полуфиналето, а гледам дека може да играат и во финале. Англија има прагматично, ги искористија силните нивни страни, а нашите грешки и одиграа одлично. Го контролираа натпреварот“, рече Шевченко.