Словенија на крилата на Дончиќ до историски пласман на ЛОИ во Токио

550

Словенечката кошаркарска репрезентација испиша историја во Каунас, Литванија, откако денеска славеше со 96:85 во еден од четирите финални квалификациски меча кои обезбедуваат пласман на олимпискиот кошаркаски турнир во Токио. Во финалето на квалификацискиот турнир во Каунас, Словенците беа подобри од домашната репрезентација, пред се поради извонредната партија на Лука Дончиќ, кој мечот го заврши со 31 поен, 10 скока и 12 асистенции.

За првпат во историјата, Словенија обезбеди место на олимпискиот кошаркарски турнир. Во преостанатите три финални дуели кои водат во Токио играат Германија – Бразил, Србија – Италија и Грција – Чешка.

ПретходноДмитровиќ е нов голман на Севиља
СледноГерманска судиска тројка за полуфиналето меѓу Шпанија и Италија