Српски спортист полетал кон Токио негативен, слетал – позитивен!?

298

Веслачите на Србија кои ќе учествуваат на ОИ во Токио, денеска слетале во Јапонија. Меѓутоа на аеродромот „Ханеда“ ги дочекало непријатно изненадување затоа што и покрај негативните тестови пред полетувањето, кога слетале едниот од нив биле позитивен, и тоа на веслачот Милош Васиќ.

Васиќ и целиот негов тим биле претходно тестирани во Атина 96 часа, а потоа и 72 часа пред поаѓањето за Јапонија и резултатите биле негативни.

Спортистот немал никакви симптоми и добро се чувствува, како и останатиот тим. Според протоколите ќе биде во карантин седум дена, и би требало да настапува на Олимписките игри.

ПретходноЧетворица Бразилци доаѓаат во Академија Пандев!
СледноКошарка, квалификации за ОИ: Грција ја победи Турција, Чешка ја изненади Канада