Тотенхем се загреа за Харис Сеферовиќ

206

Швајцарскиот репрезентативец Харис Сеферовиќ, кој остави извонреден впечаток со настапите на Еуро 2020, би можел да направи трансфер на кариерата.

Англиските медиуми денеска излегоа со информација дека Сеферовиќ е интересен за новиот менаџер на Тотенхем, Еспирито Санто. Лондонскиот тим наводно подготвил понуда за Бенфика за 29-годишниот напаѓач и многу лесно може да се случи Сеферовиќ од следната сезона да заигра во Премиер лигата.

Веќе се зборува дека Сеферовиќ би можел да биде замената за Хари Кејн, кој изрази желба да си замине.

ПретходноИталија ја шокираше Србија во Белград и обезбеди место на ЛОИ во Токио
СледноМарио Балотели се сели во Турција