Анте Ребиќ би можел да биде тешко казнет поради објавата на „Инстаграм“ во која ја критикуваше играта на хрватската репрезентација и селекторот Златко Далиќ по елиминацијата од Шпанија на ЕУРО.
Ребиќ беше еден од оние играчи, кои ги менуваа копачките додека Шпанија напаѓаше.
„Не е важно кој е виновен, факт е дека во последните две-три години сме срање. Жал ми е што не можеме да ја искористиме оваа талентирана генерација, да направиме нешто повеќе на ова првенство“, стоеше во дел од објавата на Ребиќ.
Ребиќ со овој потег го прекрши кодексот на хрватската фудбалска федерација според кој може да биде казнет шест месеци неиграње или парична казна од 40.000 куни.