Четворица Бразилци доаѓаат во Академија Пандев!

3378

Академија Пандев во своите редови ќе донесе нови имиња од Бразил. Станува збор за четири бразилски интернационалци кои би требало да бидат промовирани во следните денови, дознава „Спортмедиа“.

Станува збор за:

Гонзага де Аквињо Антонио Фелипе или накратко Ферижао. Станува збор за играч за врска кој има 27 години и играл за повеќе бразилски клубови.

Нунеш Сантош Каио Лукас има 23 години и игра на позицијата полушпиц.

Лемос да Силва Матеус е крилен напаѓач кој има 26 години, а веќе има искуство со играње на Балканот. Бил дел од хрватски екипи.

Едуардо Нардини или накратко Дуду е последниот играч кој треба да го засили тимот од Струмица. Дуду игра во средниот ред, има 23 години и играл во Алки на Кипар.

 

 

 

ПретходноРоналдо и Шик со ист број голови – ако остане вака, кој ќе биде најдобар стрелец?
СледноСрпски спортист полетал кон Токио негативен, слетал – позитивен!?