ГФК Охрид го објави и третото ново засилување за новата сезона, а сега го засили средниот ред со 24-годишниот фудбалер Сашо Шопоски. Тој доаѓа од редовите на Тетекс каде ја мина минатата сезона, а претходно играше за Брегалница, а исто така беше дел и од Пелистер, Победа, Тиквеш и Металург.
Претходно, охриѓани ги договорија Мурат Адили и Игор Клечкароски, а се обновија и договорите со Ајрадин Цуцули и Љупчо Трпески.